| четврток, 6 декември 2018 |

Верски расизам и дилетантизам

Ед­на ста­ра се­фард­ска по­го­вор­ка што срп­ска­та пи­са­тел­ка Гор­да­на Ку­јиќ со мно­гу емо­ции ни ја пре­не­су­ва во ед­на од сво­и­те кни­ги во кои се опи­шу­ва­ат бал­кан­ски­те исто­ри­ски од­но­си, ве­ли не­ка­ко ва­ка: „за сво­и­те не да­вам дру­ги да збо­ру­ва­ат ло­шо, но за­тоа јас мо­жам да ка­жам сѐ нај­ло­шо“. Иа­ко Су­леј­ман Ре­џе­пи за не­кои е туѓ, се­пак, тој мо­ра да се наб­љу­ду­ва ка­ко наш, се ра­бо­ти за фор­ма­лен ли­дер на ед­на го­ле­ма гру­па ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни и за­тоа и за не­го мо­же да се збо­ру­ва отво­ре­но ка­ко за наш ли­дер, без раз­ли­ка што тој во обид со ра­ди­кал­ни из­ја­ви да ја по­вра­ти мо­ќта сѐ по­ве­ќе ја гу­би до­вер­ба­та ду­ри и од своите најб­ли­ски со­ра­бот­ни­ци

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Са­мо ед­на не­де­ла отка­ко Све­ти­от си­нод на МПЦ ре­ши во сво­и­те хра­мо­ви да се ко­ри­сти ал­бан­ски ја­зик, на пог­ла­ва­рот на ИВЗ, ре­и­сот-ул-уле­ма му ус­пеа тоа што не му ус­пе­а­ло на ни­ту еден ма­ке­дон­ски вер­ски или по­ли­тич­ки ли­дер во пос­лед­ни­ве 60 го­ди­ни. Ако се изо­ста­ви пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, кој ка­ко ли­дер на нај­на­ци­о­нал­на­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја што се гор­де­е­ше со сво­ја­та хри­сти­јан­ска иде­о­ло­ги­ја ус­пеа во нај­ви­со­ки­те пар­ти­ски те­ла и на ви­со­ки др­жав­ни по­зи­ции да по­ста­ви сто­ти­на Ма­ке­дон­ци со ис­лам­ска ве­ро­ис­по­вед, а ме­ста­та ка­де што жи­ве­ат овие на­па­те­ни лу­ѓе да би­дат не­го­ви ре­дов­ни де­сти­на­ции, ни­ту еден друг ма­ке­дон­ски ли­дер до­се­га не по­ка­жал ин­те­рес да ѝ по­мог­не на оваа гру­па ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни. За­тоа и по­крај тоа што по­зи­ци­и­те на пог­ла­ва­рот на ИВЗ се из­гра­де­ни на ба­за на ис­лам­ско–ет­нич­ка аген­да, се­пак Гру­ев­ски тре­ба да му се заб­ла­го­да­ри на Ре­џе­пи за­тоа што тој ус­пеа кај Ма­ке­дон­ци­те хри­сти­ја­ни да го раз­бу­ди чув­ство­то за брат­ска по­вр­за­ност со на­пад­на­ти­те од ИВЗ и по­крај ре­ли­ги­оз­ни­те раз­ли­ки. Во таа веч­на игра ка­де што Ма­ке­дон­ци­те со ис­лам­ска ре­ли­ги­ја, кои уште се на­ре­ку­ва­ат и Тур­ци што го­во­рат мај­чин ма­ке­дон­ски ја­зик, По­ма­ци и Тор­бе­ши (пар­ти­ја­та ПЕИ на Фи­јат Ца­нов­ски ду­ри по­ба­ра тие да би­де приз­на­е­ни ка­ко по­себ­на на­ци­о­нал­на гру­па), по­зи­ци­ја­та на овие вред­ни на­па­те­ни лу­ѓе се­ко­гаш за­ви­се­ла од од­но­си­те ме­ѓу по­го­ле­ми­те и по­сил­ни ет­нич­ки и вер­ски гру­па­ции во зем­ја­та. Нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­дон­ци­те хри­сти­ја­ни ни­ко­гаш не ги при­фа­ќа­ше по­ра­ди нив­на­та ве­ра, Ал­бан­ци­те не ги са­ка­ат по­ра­ди тоа што го го­во­рат са­мо ма­ке­дон­ски­от ја­зик и се ме­ѓу нај­ло­јал­ни­те гра­ѓа­ни на мо­дер­на­та ма­ке­дон­ска др­жа­ва. Всуш­ност, пог­ла­ва­рот на ИВЗ со сво­ја­та из­ја­ва со ко­ја са­ка­ше да ги при­свои во сво­јот ет­ни­кум (иа­ко тој пред­во­ди над­на­ци­о­нал­на ор­га­ни­за­ци­ја) ги пре­диз­ви­ка Ма­ке­дон­ци­те хри­сти­ја­ни, ко­неч­но, да сфа­тат де­ка ка­ко што по­кој­ни­от пре­тсе­да­тел Трај­ков­ски бе­ше при­пад­ник на про­те­стант­ска­та цр­ква, та­ка де­се­ти­ци ил­ја­ди, а, мо­же­би, и по­ве­ќе од 100.000 ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни се чув­ству­ва­ат ка­ко дел од ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, а не се пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни.

Kolumna117-3

Ко­лум­на­та на пог­ла­ва­рот на ИВЗ во ко­ја збо­ру­ва за зло­у­по­тре­ба на Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни, при што без ни­ка­кво огра­ду­ва­ње ги прес­ме­ту­ва ка­ко дел од ал­бан­ски­от на­род, тој го­во­ри за зем­јо­трес што наб­ли­жу­ва во „ма­ке­дон­ски­от кам­пус“, кој, спо­ред не­го, на­ско­ро ќе оста­не на­ци­о­нал­но мал­цинс­тво.

Поз­на­ва­чи на окол­но­сти­те во ре­ги­о­ни­те ка­де што нај­че­сто жи­ве­ат Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни твр­дат де­ка Ре­џе­пи е во пра­во ко­га ве­ли де­ка наб­ли­жу­ва зем­јо­трес, но за не­го­ва­та вер­ска за­ед­ни­ца. Сил­ни­от удар што му го за­да­де аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент, кој ин­ди­рект­но го об­ви­ни за мат­ни здел­ки при из­да­ва­ње­то ви­зи за аџи­лак во Са­у­ди­ска Ара­би­ја, из­град­ба­та на џа­ми­ја­та во ко­ја сво­и­те вер­ски обре­ди ги пра­ват при­леп­ски­те Ро­ми, не­ус­пе­хот во ИВЗ да се прив­ле­чат Ро­ми­те од Шу­то Ори­за­ри, не­за­до­волс­тво­то на ма­ке­дон­ски­те Тур­ци, кои за да при­сус­тву­ва­ат на мо­ли­тва на мај­чин ја­зик тре­ба да па­ту­ва­ат де­се­ти­на ки­ло­ме­три и тоа са­мо ед­наш во не­де­ла­та, се са­мо дел од при­чи­ни­те што пог­ла­ва­рот Ре­џе­пи по­крај ци­та­ти од Кант, Маркс и Ен­гелс, мо­ра да ко­ри­сти и ра­ди­кал­ни збо­ро­ви. Иа­ко по при­ро­да­та на не­го­ва­та по­зи­ци­ја­та тој нај­мал­ку има пра­во да на­вре­ду­ва, да при­сво­ју­ва, да де­ли прав­да или вер­бал­но да си­лу­ва.

Стра­вот од ком­про­ми­сот што го на­пра­ви со ра­ди­кал­ни стру­кту­ри во не­го­ва­та ИВЗ и јав­но­то приз­на­ние де­ка тој ве­ќе не­ма кон­тро­ла над нај­мал­ку две џа­мии во цен­та­рот на Скоп­је, е дру­га важ­на при­чи­на за не­го­ва­та не­си­гур­ност по­ра­ди ко­ја јав­но уди­ра на, мо­же­би, нај­ран­ли­ви­от и најс­лаб дел од мус­ли­ман­ски­те вер­ни­ци во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Kolumna117-2

До­де­ка бе­ше жив Се­ли­мов­ски, Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни по­сто­е­ја

За по­ра­неш­ни­от пра­те­ник Ља­тиф Пај­ков­ски има не­кол­ку пра­ша­ња на кои Ре­џе­пи не да­де од­го­вор во сво­ја­та не­ло­гич­на ко­лум­на, ко­ја пре­диз­ви­ка сил­ни ре­ак­ции во јав­но­ста. Пај­ков­ски пра­шу­ва ка­ко е мож­но Ре­џе­пи да твр­ди де­ка Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни се из­мис­ле­на на­ци­ја ко­га до пред са­мо две го­ди­ни, до не­го­ва­та смрт, не­гов најб­ли­зок со­ра­бот­ник бе­ше по­ра­неш­ни­от прв чо­век на екс­ју­гос­ло­вен­ска­та ИВЗ, ефен­ди Ја­куп Се­ли­мов­ски, чо­век што точ­но зна­е­ше што е по ре­ли­ги­ја, а што по на­ци­о­нал­ност и ни­ко­гаш не го кри­е­ше тоа. Спо­ред не­го, пог­ла­ва­рот на ИВЗ се пла­ши од вра­ќа­ње на ма­ке­дон­ски­те мус­ли­ма­ни во сво­јот род, а со тоа и од на­ма­лу­ва­ње на за­ед­ни­ца­та на ко­ја тој ѝ при­па­ѓа, а со тоа и на­ма­лу­ва­ње на про­цен­тот пред­ви­ден со Рам­ков­ни­от до­го­вор.

Во сво­ја­та ко­лум­на во ко­ја оби­дот на ВМРО–ДПМНЕ да ја ис­пра­ви де­це­ни­ска­та не­прав­да кон Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни, кои нај­че­сто жи­ве­ат во Ки­чев­ско, Го­сти­вар­ско, Де­бар­ско, При­леп­ско, Скоп­ско и во не­кол­ку дру­ги ре­ги­о­ни, го на­ре­ку­ва са­тан­ска опе­ра­ци­ја, Ре­џе­пи во старт ја од­зе­ма мож­но­ста ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја да е со­ста­ве­на од раз­лич­но­сти, ка­ко што е слу­ча­јот кај ал­бан­ска­та на­ци­ја ка­де што има и мус­ли­ма­ни, и ка­то­ли­ци и пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни. Тој се гор­дее со све­то­то тројс­тво кај Ал­бан­ци­те, а на Ма­ке­дон­ци­те, без ни­ка­ков ар­гу­мент, им го од­зе­ма тоа пра­во. За Пај­ков­ски е не­јас­но зо­што пог­ла­ва­рот се на­фр­ла на Ма­ке­дон­ци­те што ѝ при­па­ѓа­ат на ис­лам­ска­та ре­ли­ги­ја, а за бра­ќа ги сме­та при­пад­ни­ци­те на не­го­ви­от на­род што не се мус­ли­ма­ни ту­ку хри­сти­ја­ни, пра­вос­лав­ни или ка­то­ли­ци.

Свес­но или, мо­же­би, и не­свес­но Ре­џе­пи и са­ми­от во ко­лум­на­та на­ве­ду­ва зо­што не­кој со ис­лам­ска ре­ли­ги­ја би се чув­ству­вал ка­ко Ма­ке­до­нец. Се­ка­ко, тој се оби­ду­ва нај­чи­сти­от ма­ке­дон­ски ја­зик, кој го го­во­рат Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни, да ѝ го при­пи­ше на не­ка­ква аси­ми­ла­ци­ја за ко­ја до­се­га на­у­ка­та не ка­жа­ла ни збор, ка­ко што и на­у­ка­та и исто­ри­ско­то нас­ледс­тво го­во­ри за на­сил­на­та вер­ска аси­ми­ла­ци­ја што ја до­жи­ву­ва­ле Ма­ке­дон­ци­те во рам­ки­те на Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја. Но Ре­џе­пи по­ра­ди ана­ли­за­та на Хе­гел и авто­ри­те на Ко­му­ни­стич­ки­от ма­ни­фест Маркс и Ен­гелс не­мал вре­ме да про­чи­та не­кои од авто­ри­те што пи­шу­ва­ле за оваа по­ја­ва, тол­ку че­ста на бал­кан­ски­те про­сто­ри. Или, ед­но­став­но, не са­ка да го­во­ри на те­ми што не му одат в при­лог.

 

Еден ми­ли­он мус­ли­ма­ни во Ма­ке­до­ни­Jа

Пог­ла­ва­рот на ИВЗ во сво­ја­та ко­лум­на ка­ко ви­стин­ски по­ли­ти­чар го­во­ри за уште ед­на по­ја­ва, ко­ја не мо­же да се про­ве­ри. Спо­ред ре­и­сот Су­леј­ман Ре­џе­пи, во Ма­ке­до­ни­ја жи­ве­е­ле еден ми­ли­он мус­ли­ма­ни, но не да­ва ни приб­лиж­на ар­гу­мен­та­ци­ја ка­ко до­шол до оваа број­ка, иа­ко во зем­ја­ва не­ма­ло по­пис 12 го­ди­ни, а спо­ред пос­лед­ни­от број­ки­те беа мно­гу по­ма­ли од тие со кои се­га се рас­фр­ла Ре­и­сот. Но по­важ­но од број­ки­те, мо­же­би, во овој кон­текст е не­го­ва­та за­ка­на во име на си­те мус­ли­ма­ни од Ма­ке­до­ни­ја спо­ред ко­ја тие ни по ед­на це­на не­ма да се сог­ла­сат со за­о­кру­жу­ва­ње на „ѓа­вол­ски­от стре­меж“ на ВМРО – ДПМНЕ во ма­ке­дон­ска­та др­жа­во­твор­ност да се вклу­чат Ма­ке­дон­ци­те мус­ли­ма­ни. На ова не­до­сти­га­ше са­мо нај­а­ва за све­та вој­на за за­о­кру­жу­ва­ње­то на не­ло­гич­ни­те те­зи, кои си­сте­мат­ски ги про­мо­ви­ра ли­де­рот на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца. За сре­ќа, ду­ри и дел од не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци во ИВЗ, и нај­го­лем дел од мус­ли­ма­ни­те и од хри­сти­ја­ни­те, и Ал­бан­ци и Ма­ке­дон­ци, се убе­де­ни де­ка, Су­леј­ман Ре­џе­пи, иа­ко сѐ уште мо­же да пре­диз­ви­ка го­ле­ми ште­та, по­ве­ќе тре­ба да се гле­да ка­ко дел од исто­ри­ја­та откол­ку од ид­ни­на­та.

 

(Текст објавен во 117. број на неделникот Република, 28.11.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top