Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит.
Претседателот Заев се заблагодари за ангажманот на Ховит и за поддршката за Република Македонија во процесот на евроинтеграции.
Во таа насока, позитивно беше оценета досегашната соработка и се разменија мислења за натамошно продолжување на комуникацијата за теми што се од интерес на Република Македонија.
Ховит посочи дека и понатаму ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија како дел од групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





