| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ повторно кандидат за спортист на годината

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на списокот меѓу 12. кандидати кои ќе се борат за титулата најдобар спортист во светот, кого го избира Американската спортска академија.

На 30., јубиларен избор за најдобар спортист на годината, право на глас имаат сите љубители на спортот преку веб-сајтот „ussa.edu“, а доколку триумфира српскиот тенисер, ова ќе биде негова втора награда бидејќи вакво признание доби во 2011 година. Победникот ќе биде прогласен на 23 декември.

Покрај Новак Ѓоковиќ, на списокот се најдоа и Рафаел Надал, Лео Меси, Мани Пакјао, Флојд Мејведер, Виктор Ан, Пејтон Менинг, Буба Вотсон, Рори Мекелрој, Денис Кимето и Клејтон Керншоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top