| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Дрогба нѐ натера да заборавивме на Коста

Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, упати пофални зборови до своите фудбалери кои синоќа славеа во лондонското дерби против Тотенхем со резултат 3-0, а најмногу комплименти доби Дидие Дрогба, кој го замени суспендираниот Диего Коста.
­

– Дали денеска се сеќавате на Диего Коста? Јас не. Тој ни треба, ама не плачеме поради неговото отсуство. Останатите играчи ја презедоа одговорноста. Дрогба беше неверојатен. Тој пред сѐ е тимски играч, не е себичен, скромен е, се бори за својата екипа. Со еден збор фантастичен е – рече Мурињо.

Челси по 14. коло во Премиерлигата е на водечката позиција со 36 бода, шест повеќе од актуелниот првак Манчестер сити и 10 од третопласираниот Саутемптон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top