| четврток, 6 декември 2018 |

Бизарна свадба: Момче се ожени поради наредба од неговите предци

Осумгодишно момче од Јужна Африка се оженило со 61-годишна жена затоа што така му одредил духот на неговиот предок. Невестата има родено пет деца и веќе била во брак. Сè почнало кога Санел им кажал на родителите дека слушнал глас на одамна починати предци кои му наредиле да се ожени. Родителите од страв за одмазда веднаш договориле венчавка, плаќајќи 500 фунти за невестата и уште неколку илјади за свадбата. Свечениот чин се подготвувал два месеци, а на денот кога момчето застанало пред олтар било облечено во сребрен костум. Ова ја шокирало локалната заедница, но семејството ја оправдува венчавката тврдејќи дека се работи само за ритуал, а не за вистинска церемонија.

– Санел е среќен што го стори тоа – вели неговата мајка.

Санел и сопругата нема да живеат заедно. По венчавката се вратиле на стариот начин на живот. Детето ќе продолжи со училиштето, а вели дека кога ќе порасне, ќе се ожени вистински, со жена на свои години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top