| четврток, 6 декември 2018 |

Челси подобар во лондонското дерби, Сити повторно победи

Синоќа беа одиграни останатите четири натпревари од 14. коло од Премиерлигата, во кои славеа тимовите кои се наоѓаат во горниот дел на табелата.

Челси, Арсенал и Манчестер сити кои важеа за фаворите во дуелите со своите ривали на синоќешните натпревари од Премиерлигата ги освоија бодовите.

Шампионот Манчестер сити иако губеше на гостувањето кај Сандерленд на крајот убедливо стигна до победата, исто како и Челси во лондонското дерби со Тотенхем. Најтешко до трите бода стигна Арсенал на средбата со Саутемптон, екипа која е на третото место.

Резултати на синоќешните натпревари од 14. коло во англиското фудбалско првенство:

Арсенал – Саутемптон 1:0, Челси – Тотенхем 3:0, Евертон – Хал 1:1 и Сандерленд – Манчестер сити 1:4.

Во вторникот: Манчестер јунајтед – Стоук 2:1, Лестер – Ливерпул 1:3, Барнли – Њукасл 1:1, Свонси – КПР 2:0, Кристал Палас – Астон Вила 0:1 и ВБА – Вест Хем 1:2.

Табела: Челси 36 бода, Манчестер сити 30, Саутемптон 26, Манчестер јунајтед 25, Вест Хем 24, Арсенал 23…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top