Со изложба на кукли облечени во дизајнерски парчиња поставени со ортопедски помагала, Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија ја одбележуваат и кај нас „Неделата на разновидноста“, која се прославува во светот од 3 до 10 декември.
По тој повод во „Скопје сити мол“ се поставени кукли во природна големина облечени во креациите на повеќе македонски дизајнери: Јован Петровски, Андријана Динева, Марта Мирова, Стефанија Насеска. Моделите беа надополнети со накит на Марта Поп- Антоска, „Капка“ на Јана Ацеска и „JЗЈ“ на Златко Јовановски.
– Преку поставувањето на изложбата сакаме да покажеме дека какви и да сме, сите имаме амбиции, желби, копнежи, потреба и можност да бидеме дел од секојдневието на подеднакво ист начин. Покрај македонските дизајнери на облека и модни додатоци потребата да ја прослави и да се укаже дека различностите не треба да бидат пречка за целосно интегрирање и функционирање во општеството – велат дизајнерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.