Изложбата „Вкусот на Скопје“ организирана под ведро небо на терасата на ресторанот „Барбакан“, на многу необичен начин, предизвика големо интересирање кај публиката. Денеска на првичната изложба на прототипови пред пошироката јавност беа изложени многу поинакви модели на престилки за готвење, лажици за готвење, чаршави за маса, крпи за во кујна, перничиња…каде што додадената вредност на дизајнот е воочлива.

-Тоа и беше целта на оваа работилница. Да се отворат чакрите кај младите дизајнери и да се стимулира произвотството на наш домашен производ базиран на автохтон македонски дизајн, велат организаторите.

Изразот на дизејнерите е различен иако се работи за атрактивна тема: „Вкусот на Скопје“, па оттаму и создавањето на оваа широка палета од 65 најразлични помагала и акцесоари за во кујна. Секој од дизајнерите на свој начин комуницира со одредени категории на луже: житечли на Скопје, странци, помлада генерација, постара генерација…

-Ова е еден мал чекор за група од десет дизајнери, но е многу голем поттик за македонската дизајн сцена, велат организаторите.












Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


