| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски дизајнери изложуваат во Загреб, Белград и Тирана

недела на дизајн

Македонската изложба под традиционалниот наслов “Министерство за задоволство” во организација на Јавна Соба по трет пат ќе се претстави на „Дан Д” во Загреб од 30 мај до 1 јуни, „Миксер” во Белград од 5 до 8 јуни и „Тирана недела на дизајн и архитектура”, од 23 септември до 15 октомври.

Оваа година во рамки на националната македонска дизајн презентација застапени се „Завар Дизајн“, „Творница“, Нина Нинеска и „Лотус“, информираат од тимот на Недела на дизајнот во Скопје (СДВ).

– Нешто по што Македонија полека станува препознатлива е дизјанот, не само како дестинација каде се случува СДВ, туку и по сè побројни млади дизајн брендови кои покрај застапеноста на домашниот пазар храбро чекорат и на регионалните пазари. „Јавна соба“ изврши селекција на четири реномирани и млади македонски дизајн брендови кои ќе се претстват на регионалната сцена. Со почетокот на формирањето домашната дизајн сцена, им се даде шанса на млади креативни поединци и компании да почат со афирмација на идеја или готов производ, вмержување со други компании и отпочнување на соработка, добивање на критика од еден релевантен слој во општеството – велат од СДВ.
„Јавна соба“ е еден од иницијаторите за бреднирање на „балкански дизајн” и колективен настап на глобална сцена. Во рамки на развој на таа независна платформа, е соработката со регионалните дизајн фестивали.

Оваа година на СДВ од 23 до 28 септември, балканската дизајн сцена ќе биде и офицаијлно промовирана пред меѓунадорната јавност со своја организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top