
Во галеријата на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) е отворена поп-арт продавницата во организација на македонската етикета „Лудус“ и дизајнерот Драган Христов. Изложени се креации на македонски дизајнери и креативци што изработуваат облека и уникатен накит. Вкупно 23 дизајнери ги изложија своите прозводи. Продавницата се затвора денеска.
Учество земаа неколку македонски брендови и дизајнери меѓу кои: „Лудус“, Лидија Георгиева, младата Јелкица Поповска, Mikka Design, Acidwear Girls, Bastet Noir, Елена Ристовска, Елена Спасовска, Билјана Каровска, Chic Undercowear, ATAMY & GAYA, Stilissimo, Project Time, Linija, Илина Поповска, Мелани Димитровска, Eklektika Jewelry, Kapka Jewelry,Simon Angel.
Секој од дизајнерите на својот простор за изложување има поставено креации за тековната сезона пролет-лето, односно тоа најчесто беа парчиња што имавме можност да ги видиме на последното издание на скопскиот моден викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


