Мадона е најбогатата музичка изведувачка во светот, која продолжува да снима песни. Таа го завзема првото место, а по неа се Пол Макартни и Доктор Дре, според рангирањето на „Wealth –X“, за богатството на ѕвездите во светот на музиката.
Според изданието богатството на Мадона изнесува 800 милиони долари, што е значително помалку од проценката на списанието „Билборд“ од 1 милијарда долари. Според „Wealth –X“, сер Пол Макартни располага со 660 милиони, а жена му Нанси Шевел има 300 милиони долари.
На трето место во рангирањето е Доктор Дре , чие богатство се проценува на 650 милиони долари, и покрај големиот договор со компанијата „Епл“. Четврти е Паф Диди со 640 милиони долари, а на петтото место е рангирана Селин Дион со 630 милиони.
Во првите десет се наоѓаат уште Боно, Мараја Кери, Џеј Зи, Елтон Џон и Бијонсе.
Оваа листа е за луѓе од светот на музиката, кои продолжуваат да реализираат нови проекти. Ако се погледне светот на музиката како целина, британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер е најбогатиот, со богатство во износ од 1,2 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.