Претседателот на српската општина Мајданпек, Дејан Вагнер денеска најави можна евакуација на жители од градот доколку не биде саниран дефектот во системот за доставување електрична енергија.Мајданпек веќе трет ден е без струја, вода и греење. Помош во храна и вода веќе пристигна, а општинскиот кризен штаб треба да одлучи за евентуално воведување вонредна состојба.Училиштата и градинките не работат, а фиксна телефонија речиси и да нема. Електричната мрежа е вон употреба поради силното невреме, проследено со снег, што го зафати тој град. Во породилиштето во Мајданпек е монтиран агрегат, кој засега функционира. Српската државна телевизија објави дека вработени во Електродистрибуција на Србија постојано се на терен во обид да обезбедат снабдување со струја во градот, но ветерот и мразот им ја отежнуваат работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


