Футсал репрезентацијата на Македонија ја победи Црна Гора со 5-2 во подготвителен меч пред квалификацискиот турнир во Скопје за пат на ЕП.
Дарко Ранготов со хет-трик беше најзабележителен поединец на паркетот во „Јане Сандански“, а по еден погодок за Македонија постигнаа и Глигоров и Мицевски.
За Црна Гора погодија Бајчетиќ и Драшковиќ. Во квалификациите во март Македонија ќе игра со Шпанија и Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.