Пронајден е машки труп во месноста Кораб близу вливот на реката Бабуна во Вардар. Телото го пронашло лице од Здружението на спортски риболовци „Бабуна“.
Според Марија Јаковлеска, портпаролка на МВР, пронајдениот машки труп бил во распаѓање, а по барање на јавен обвинител од Велес е предаден на обдукција во Судска медицина во Скопје.
– Обдукцијата треба да ги открие причините за смртта, како и идентитетот на пронајдениот труп – информира Јаковлеска.
Во Велешко годинава како исчезнати се водат три лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.