| четврток, 6 декември 2018 |

Од Вучиќ сега се бара да го уапси Шешељ

SESELJ PRESSONLINE
Тужителот на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц, побарал од судот да ја поништи одлуката за условно ослободување на лидерот на радикалите Воислав Шешељ.
Веројатно, според соговорник на српски „Курир“, барањето на трибуналот е обид да ѝ се подметне врел компир на српската страна, односно на администрацијата на српскиот премиер, и топката да се префрли на српски терен.

И самиот лидер на радикалите по враќањето од Холандија рече дека би било историски парадоксално ако Александар Вучиќ и Томислав Николиќ треба да го испорачаат во Хаг. Вели, таму би се вратил само ако српскиот премиер го уапси и испорача.

– Нeма да има мое доброволно враќање во Хаг. Кога ќе издаде налог Владата на Србија, нека одлучуваат што ќе прават, јас нема да бегам – рече Шешиљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top