Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ја прекина посетата на Исланд и веднаш се враќа во Хрватска поради денешните случувања во Хашкиот трибунал при изрекувањето на пресудите на некогашните полиитчки и воени лидери на босанските Хрвати, додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека попладнево ќе има обраќање до јавноста во врска со случајот.
Хрватските медиуми јавија дека Китаровиќ и Пленковиќ се во постојан контакт за случајот „Прлиќ и останатите“.
Китаровиќ, исто така е во постојан контакт со правосудните експерти, Министерствата за надворешни и европски работи, хрватскиот амбасадор во Холандија и Хрватите во Босна и Херцеговина
Хрватскиот премиер само кусо изјави дека е шокиран од постапката на поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет за одбрана, генералот Слободан Прљак, кој пти изрекувањето на пресудата испи отров во судницата, по што подоцна почина во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колинда Грабар Китаровиќ стана доктор на политички науки: Два часа ја бранела темата
-
Колинда фризерка: Дала се од себе да ја намести косата на новинарката на ХРТ, па стана хит(видео)
-
Диета по која полудеа жените: Колинда замина на одмор како друга жена
-
Уапсен човекот што нападна три лица со нож во Хаг