| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос: Преговорите на Грција со кредиторите можат да траат уште два месеци

венизелос

Преговорите на Грција со кредиторите за иднината на спасувачката програма на земјата може да продолжат уште два месеци – изјави денеска грчкиот вицепремиер Евангелос Венизелос.

Атина води преговори за тоа како сама да се финансира по завршувањето на спасувачките заеми од еврозоната.

Грција усвои превентивна кредитна линија да ги замени досегашните кредити, но настојува за поолеснети услови со образложение дека економијата и се подобрува.

Венизелос изјави на прес-конференција во Атина дека преговорите со кредиторите ќе завршат пред изборот на нов претседател од Парламентот во февруари, што би можело да доведе до пад на Владата.

– Несомнено политичката несигурност е факторот, што најмногу ги засега преговорите, рече Венизелос. – Наша цел е да го завршиме тој процес колку што е можно побрзо – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top