| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворање на изложбата „Денови на фотографијата“ вечерва во МОБ

Во Македонската опера и балет, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Денови на фотографија“. Во рамките на проектот „Денови на фотографијата“, беше објавен првиот голем фото-натпревар. Почнувајќи од 15 октомври 2014 и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, беа поканети сите аматери и професионалци, да испраќаат фотографии со најемотивните моменти одконцерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување беше до 15 ноември, pристигнатите авторски фотографии бea разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото-уредници, кои одлучија за најдобрите три фотографии, на чии автори вечерва ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook, беа селектирани 30 најдобри фотографии кои вечерва пред јавноста ќе бидат претставени на изложба, која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена  во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите, ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

Најдобрите 12 фотографии, што ќе содржат своја уникатна интерпретација на „Емотивната страна на културата“ преку фотографскиот објектив, ќе бидат дел од календарот за 2015 година, чија промоција ќе биде во втората половина од декември, годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top