Припадниците на Исламската држава тврдат дека коструирале таканаречена валкана бомба, односно класична експлозивна направа со радиоактивна содржина чија цел е да контаминира голем простор и многу луѓе.
Милитантите со своето наводно ново оружје се пофалиле на социјалните мрежи, а еден припадник на ИСИС наведува дека таквата пеколна направа може да предизвика вистински хаос во Лондон.
Иако не е можно да се потврди дали навистина џихадистите поседуваат валкана бомба или не, факт е дека во јули исчезнале 40 килограми ураниум од универзитетот во Мосул, град кој моментално е под контрола на ИСИС.
Меѓу радикалите кои се пофалиле со новото оружје е и британскиот пиротехничар Хамајун Тарик, кој на џихадистите им се приклучил уште пред две години, а на „Твитер“ напишал:
– Ех, да, Исламската држава има валкана бомба. Најдовме некој радиоактивен материјал на универзитетот во Мосил, за што Мирир пишуваше. Сега ни претстои да сфатиме што се тоа валкани бомби, какви последици предизвикуваат и што би можело да се случи ако ја детонираме на јавно место.
Во следните објави Тарик пишува за деструкции во Лондон, но „Твитер“ потоа му го укинал профилот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



