1. Во 455 година пр. н. е.: Според една анегдота, еден од троцата познати грчки трагичари, Есхил умрел кога орел фрлил желка врз негповата глава. Орелот сакал да го скрши оклопот на желката, а Есхил бил ќелав и на орелот му заличил на камен и затоа го сторил тоа.

2. Во 1327 година: Англискиот крал Едвард II наводно бил убиен така што во анусот му ставиле рог низ кој истуриле вжештено железо кое му ги изгорело сите органи, а на кожата не се гледало ништо.

3. Во 1567 година: Ханс Штајнингер, баварскиот кмет од Браунау, познат по својата брада долга метар и пол, го загубил животот така што во еден миг се сопнал од неа , се заплеткал, паднал и го скршил вратот.

4. Во 1771 година:Адолф Фредерик, кралот на Шведска умрел од прејадување.

5. Во 1871 година: Клемент Валандигам, американски адвокат од Охајо случајно се упукал додека на суд се обидувал да докаже дека жртвата на човекот што го бранел извршила самоубиство, а дека осомничениот е невин. Изгледа постапката на Валандиган била доволно убедлива бидејќи осомничениот бил прогласен за невин.

6. Во 1958 година: Актерот Герет Џонс умрел на паузата на снимањето на две сцени во една телевизиска серија. И ликот кој го толкувал Џонс умрел од инфаркт исто како него.

7. Во 1993 година: Еден адвокат од Торонто паднал од 24 спрат на Торонто-Доминион Центарот кога се обидувал да им докаже на посетителите дека стаклото е непробојно. За приказната да биде уште поневеројатна, стаклото навистина не се скршило, туку прозорецот испаднал од лежиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


