Ракометарите на Вардар вечер на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ играат натпревар од 7.коло од Ц групата во Лигата на шампионите и со триумф пред своите навивачи ќе бидат чекор поблиску до второто место во групата во однос на конкурентите.
Во Скопје гостува словенечкиот тим Цеље, екипа против која Вардар во првото коло на гости постигна победа од 27:26. За тренерот на Вардар Раул Гонзалез проблем покрај добрата форма на противникот се и повредите неколку играчи на Вардар. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Вториот наш претставник во ова натпреварување Металург дуелот од оваа рунда го игра утре во Париз против ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


