| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на македонски уметници во Прага (фото)

elizabeta kanceska

Изложба со наслов „Трансфигурирање“ на Националната галерија на Македонија е поставена во галеријата на Чешкиот центар во Прага. Изложбата ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и министерот за култура на Чешката Република, Даниел Херман, во присуство на гости и претставници на дипломатскиот кор. Поставката е централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година, беа презентирани повеќе културни содржини.

elizabeta kanceska1
Куратор е Ана Франговска, а презентирани се дела од реномирани македонски уметници, припадници на различни генерации: Јован Шумковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ирена Паскали, Велимир Жерновски, Мирна Арсовска, Марија Сотировска, Игор Тошевски, Нада Прља, Игор Сековски, Антони Мазневски, Борис Шемов, ОПА, Искра Димитрова, Александар Спасоски, Атанас Ботев, Жанета Вангели, Вана Урошевиќ, Александар Станковски, Дијана Богдановска, Благоја Маневски и Славица Јанешлиева.

elizabeta kanceska2
Претставувањето на македонската современа визуелна сцена во чешката престолнина следува по реализацијата на изложбата на реномираните чешки уметници Петра Јовановска и Јиржи Кованда во Националната галерија на Македонија.

elizabeta kanceska3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top