– Се знае што се случило во моментот на авионската несреќа во 2004 година во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Шефот на истражниот тим за утврдување на причините за авионската несреќа Омер Кулиќ за агенцијата Срна истакна дека сите актери во тој настан во истрагата се опфатени, но не смее да зборува за тоа кој е одговорен.
-Нашата задача е да испитаме како се случил падот на авионот, тоа ќе му го кажеме и на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна е одлуката што ќе прават понатаму, затоа што тоа се светски стандарди во ваквите активности – вели тој, нагласувајќи дека до властите во Македонија е испратен извештајот за падот кингерот.
До средината на декември извештајот ќе биде подготвен и за претставување пред јавноста во БиХ.
– Тоа е наша меѓународна обврска. Ги чекаме нивните коментари кои ќе пристигнат во текот на наредната седмица, по што извештајот во завршна форма ќе биде отпечатен – прецизирал Кулиќ, пренесе ТВ Ал џезира Балкан.
Завршниот извештај за падот на авионот, како што претходно најави Кулиќ, прво ќе биде предаден на Советот на министри и на главниот обвинител на БиХ. Потоа, ќе биде проследен до македонските власти и македонскиот главен јавен обвинител.
Кулиќ, објавуваат босанските медиуми, рекол дека неговиот тим во целост успеал да ја утврди причината за падот на авионот и загинувањето на македонскиот претседател Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



