| четврток, 6 декември 2018 |

Излезе првиот балкански стрип-магазин „Пегазус 21“

kORICA_PEGAZUSvip

Во издание на Центарот за визуелна уметност „Визант“ од Прилеп деновиве од печат излезе првиот печатен македонски стрип-магазин „Пегазус 21“. На 226 страници во овој магазин се публикувани дела на познати балкански имиња од светот на деветтата уметност – стрипот, како: Игор Кордеј, Микица Ивановиќ, Ненад Бариниќ, Дражен Ковачевиќ и други. Посебен акцент во „Пегазус 21“ е ставен на митологијата на овие простори и на научнофантастичните стории, а во некои од делата на Опачиќ, Восток и на Чурчин се застапени дури и балканските политичари.

Насловната страница на „Пегазус 21“ е дело на Смиле Цветановски, а во него со свои стрипови се присутни и македонскуите автори: Дарко Богданов, Златко Крстевски, Ацо Поповски, Матеј Богдановски. Посебен омаж е ставен на македонскиот стрип-мајстор Љубомир Филипов, на големиот пријател Бранко Плавшич, како и на визуелната поезија на Горан Крстевски, а посебен дел зазема и современиот хрватски стрип.
Првиот број на „Пегазус 21“ во наредниот период ќе биде презентиран на неколку стрип-фестивали во соседните, како и во повеќе европски земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top