| четврток, 6 декември 2018 |

Љубов: Куче две години го чека својот починат сопственик

kuce-ceka

Тажно куче две години чека на влезот на болницата во Новосибирск, каде што бил хоспитализиран неговиот сега веќе починат сопственик.

Маша веројатно стана најсаканото куче во Новосибирск, а пациентите и персоналот на болницата се трудат да и обезбедат се што и е потребно и се надеваат дека некој ќе ја вдоми.

– Погледнете и ги само очите. Колку се тажни… немаат сјај, кои можат да се видат кај среќно куче. Гледате само тага во очите на кучето исто како и во очите на луѓето, вели доктор Владимир Беспалов. – Медицината неможе да и помогне, но се надеваме дека Маша ќе најде друг сопственик, додава тој.

Инаку Маша била во сопственост на еден постар човек од селото Двуручје, кој се разболел и во болницата дошол со својот куќен љубимец.

Додека тој лежел во болничката постела, Маша била единствен негов посетител. Навечер се враќала до нивната куќа за да ја чува, а наутро повторно доаѓала во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top