| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва во Чифте амам се отвора изложбата „Центар ШОК“

1431golema

Во рамките на одбележувањето на Деновите на франкофонијата, во Чифте амам, вечерва, во 19 часот ќе се отвори изложбата „Центар ШОК“ на која се претствани 12 уметнички и човечки средби. Делата се занимаваат со истражување на поимот на судир на идеи, емоции, знаци и симболи.
-Сите уметници користеле различни средства на изразување, а низ разновидните сведочења на делата ја истражуваат двојноста, спротивставувањето, општествената борба, судирот на култури, меѓугенерациските спротивставувања, темнината и моќта, но и нежноста, сложеноста, урамнотеженоста, правдата, природата, играта и толеранцијата. Дваесет и пет уметници, членови на „Прес Папије“, во Квебек, Канада се согласиле да ја прослават триесет годишнината на работилницата прифаќајќи го изразот на заедничко творење на исто уметничко дело. Твореле следејќи ги правилата на игра додека ги спротивставувале своите измислени светови, информираат од Националната галерија.
Сместен во самото средиште на Квебек, уметничкиот центар „Прес Папије“ е основан 1979 година со цел да излезе во пресрет на креативните потреби на една група млади графичари фокусирани на постојаното професионално усовршување. До денес студиото прераснало во мултимедијална работилница.
Вечерашната изложба ќе ја отворат Роман Вашчук, Амбасадор на Канада и Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top