Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, изрази воздржаност во однос на очекувањата од новата рунда преговори со посредникот Метју Нимиц за прашањето за името на Македонија поради политичката криза во Македонија.
– Политичката криза и изборите во Скопје нè тераат да бидеме воздржани. Кризата го потврди тоа што го зборувавме кога беше објавен извештајот на Европската комисија во октомври: опасно е проблемите да се кријат под тепих. За функционална демократија, според стандарите на ЕУ, не е доволно само да се усвојат закони кои остануваат на хартија. Реформите мора да бидат спроведени во практика – изјави Аврамопулос и дипломатски додаде дека грчките власти сакаат во соседната земја да превладеат стабилноста и функционалниот демократски систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


