| четврток, 6 декември 2018 |

Бран испадна, Даниел Мојсов сѐ поблиску до Вардар

Бран го загуби прволигашкиот статус во Норвешка по поразот во двомечот со Мјондален, кој е нов член на елитата по триумфот од 3-0 и ремито 1-1, со што ширум му се отвораат портите на Даниел Мојсов за враќање во Вардар.

Стоперот на македонската репрезентација вчеравечер не играше во реваншот за Бран поради повреда, а неговиот тим загуби со 0-3 и со вкупен резултат од 1-4 се прости од настапот во Првата норвешка лига.

За Мојсов е заинтересиран Вардар, а ако се остварат најавите за трансфер, тоа би било враќање на 26-годишниот стопер во редовите на „црвено-црните“ .

mojso

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб подготвува неколку изненадувања за своите симпатизери, а раководството е во преговори и со репрезентативниот голман Томе Пачовски, потоа и со Дејан Блажевски, кој сигурно доаѓа во Вардар и со еден од најдобрите играчи за врска во македонската Прва лига, Стефан Вујчиќ од Работнички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top