| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Тања Таневска во Македонскиот културен центар во Софија

Изложбата „Космичкиот еротизам на струната и облината” од ликовната уметница Тања Таневска ќе биде отворена во среда, 26-ти ноември, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

Таневска дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин во 1996 г, член е на ДЛУМ од 1997, учесник на десетици самостојни и преку 180 групни ликовни изложби во земјата и странство,како и на преку 35 домашни и меѓународни ликовни колонии. Добитник на неколку значајни домашни награди во организација на ДЛУМ, како и награда од Интернационалното биенале на мал формат во Рацибор, Полска. 

За нејзината концепција „Космичкиот еротизам на струната и облината” која ќе биде претставена во Софија, Венко Андоновски ќе каже дека „гледајќи ги овие колажи, вие ја слушате космичката музика на боите, на формите, но и на материјалот: можете да ја допрете со прсти таа веселенска музика на космичките струни”. 

Изложбата на Тања Таневска во Софија ќе ја отвори директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров, а проектот е целосно поддржан од македонското Министерство за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top