Во организација на Националната галерија на Македонија, во Чешкиот центар во Прага, Чешка, на 27 ноември 2014 година, во 18 часот ќе се отвори изложбата Трансфигурирање.
На изложбата со свои дела учествуваат македонските уметници: Јован Шумковски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ирена Паскали, Велимир Жерновски, Мирна Арсовска, Марија Сотировска, Игор Тошевски, Нада Прља, Игор Сековски, Антони Мазневски, Борис Шемов, ОПА, Искра Димитрова, Александар Спасоски, Атанас Ботев, Жанета Вангели, Вана Урошевиќ, Александар Станковски, Дијана Богдановска, Благоја Маневски и Славица Јанешлиева.
Куратор на изложбата е Ана Франговска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.