За да се соберат средства за изградба на верски објект за прилепските Роми, вечерва во просториите на спортска арена „Сонце“ во Прилеп беше одржан голем хуманитарен концерт на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот ансамбл.
Во населбата Тризла во Прилеп, како што е предвидено со генералниот и деталниот урбанистички план, ќе се гради џамија за да ги задоволи потребите на околу 5.000 верници од ромска националност со исламска вероисповед.
Џамијата ќе го носи името „Веби и Ердован“ во чест на загинатите бранители.
Пред неколку месеци Исламската верска заедница на РМ изрази незадоволство од изградба на џамија што нема да биде под контрола на ИВЗ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


