| четврток, 6 декември 2018 |

Концертна промоција на албумот на „Грин аут“

Култниот модерен македонски хип хоп состав „Грин аут“ (GreenOut) со концерт ќе го промовира неодамна издадениот албум „Рапаноја”.

За оние кои сакаат вистински хип хоп, Тонио Сан, ЛД Пистолеро и Фулиш Грин (Tonyo SAN, LD Pistolero,Foolish Green) ветуваат целовечерна хип хоп револуција овој четврток (27.11), во МКЦ, како презентација на албумот, кој го издаде Suriken Records.

„Грин аут“ e хип хоп трио, составено од три уметници со микрофонот, кои зад себе веќе имаат едно албумско издание („Некои скопски бандити”, 2009). Антонио Арангеловиќ (Tonyo SAN), Владимир Пешков (LD Pistolero) и Ненад Стефаноски (Foolish Green) се дел од новиот бран хип хоп артисти, кои во досегашните кариери имаат сериозен број солистички проекти како и членувања и соработки со бројни музички имиња како Легијата, Против Сите, STR2, Алтернативниот состав на Foolish Green итн. Препознатливи по своите автентични freestyle настапи, овие момци имаат реализирано повеќе од 100 настапи и концерти во Скопје и низ Македонија, па ова ќе биде уште еден во низата одлични настапи, посветен на издавањето на вториот албум на составот.

Концертната промоција на „Рапаноја” е закажана за 27.11, во денсинг салата на МКЦ  со почеток во 21:30.

Цената на билетите во претпродажба е 150 ден., на влез 250 ден. За првите 200 посетители се обезбедени 200 гратис албуми. Билетите можат да се набават во билетарницата на МКЦ.

За крај, „Грин аут“ го најавуваат и специјалниот гостин на настанот – DJ Гоце САФ.

 

Подетални информации можат да се најдат на официјалниот евент за настанот, како и официјалната фан страна на составот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top