Холанѓанецот Хуб Стевенс кој минатата сезона седеше на клупата на Штутгарт на последните девет натпревари од минатата сезона и го спаси клубот од испаѓање, повторно се врати на тренерската позиција во Штутгарт, соопшти денеска бундеслигашкиот клубот.
61-годишниот холандски стручњак ќе го замени Армин Фех кој вчера поднесе оставка по серијата лоши резултати.
Во моментов Штутгарт е на последното место на табелата во Германското фудбалско првенство со само девет освоени бодови на 12 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.