| четврток, 6 декември 2018 |

Познатата пејачка и глумица Бет Мидлер распука по своите помлади колешки

Bette Midler

Познатата Бет Мидлер распука по младите колешки, а особено по дваесет и едногодишната Аријана Гранде. Бет смета дека нивните музички спотови се „неспоредливи глупости“.

Настапите на Аријана Гранде ги нарекува смешни, а генералната состојба во поп-музиката ја смета за повеќе од страшна.

– Ме изненадува кога ќе видам некој како Аријана Гранде, со тој висок и смешен глас, како се гали на кревет, и тоа излега многу смешно. Тоа е ненадминлива глупост и не знам кој ја советува така. Би сакала да престанат – изјавила Бет Мидлер.

Таа апелира до младите ѕвезди дека не би треба да се соблекуваат за да ги продаваат песните.

– Нека веруваат во својот талент. Не е потребно од себе да прават проститутки за да пројдат понатаму – додала Бет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top