Фановите на американскиот рапер Мек Милер, кој вчера беше пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија, се бесни на Аријана Гранде и ја обвинуваат неа за неговата смрт. Милер подолг период имаше проблеми со зависноста, а во мај годинава ја прекина двегодишната врска со Гранде, по што состојбата уште повеќе му се влошила.
Дополнително, пејачката се вери за комичарот Пит Дејвисон само месец дена откако ја прекина врската со раперот.
Беживотното телото на 26-годишниот Милер е пронајдено синоќа, а според првичните информации во американските медиуми како причина за смртта се наведува предозирање со наркотици.
Пејачката денеска ја онеспособи опцијата за оставање пораки на нејзиниот профил на „Инстаграм“, откако илјадници фанови на раперот почнаа да и пишуваат дека токму таа е причината што тој е мртов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Ариана Гранде ќе одржи хуманитарен концерт во Манчестер за помош на жртвите на теророт
-
Со тажно лице и болка во душата, Аријана Гранде се врати во Америка
-
Семејството на Пеп Гвардиола спасило жива глава по терористичкиот напад во Манчестер