| четврток, 6 декември 2018 |

Со тажно лице и болка во душата, Аријана Гранде се врати во Америка

гранде

Младата пејачка Аријана Гранде се врати дома ден по терористичкиот чин во Манчестер по нејзин концерт, во кој загинаа 22 лица, а над 60 беа повредени.

23-годишната пејачка слета со приватен авион во родниот град Бока Рато, Флорида. Таа беше поздравена од своето семејство, по што падна во прегратките на своето момче, раперот Мек Милер.

Аријана слезе од авионот во дневна облека и во видливо тажно расположение. Таа брзо беше одведена од локалниот аеродром со автомобил кој беше придружуван и од полиција.

Гранде сподели со своите фанови на социјалните мрежи дека е шокирана од нападот и од сето срце изразува сочувство за жртвите и нивните блиски.

– Многу ми е жал, само немам зборови – рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top