На местото на несреќата полицијата и јавен обвинител направиле увид. Констатирано е дека усмртеното лице е од Сирија, маж на возраст од 25 години. Од почеток на ноември ова е шеста несреќа во која животот го загубија седуммина возрасни мигранти и едно бебе.
Пругата долж Коридорот 10 е главната патека по која од Грција преку Македонија емигрантите имаат желба да стигнат до западноевропските земји. Неофицијално, Грција има евидентирано околу 150.000 емигранти, но ова ниту од далеку не била реалната бројка. Како што пренесуваат националните медиуми во Грција, денеска протестираат сириски емигранти. Тие од тамошната влада бараат работни визи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.