Во „Галерија 8“ во Старата скопска чаршија в сабота во 20 часот ќе се промовира првото авторско дело на Весна Дамчевска, насловено „Од собата до Холивуд“, во издание на „Зојдер“ од Скопје.
-Дефинирањето на тематското поле во книгата е интригантно импликативен – како докажани уметнички од 20 век, Фрида Кало (сликарка), Вирџинија Вулф и Силвија Плат (писателки) и Дајен Арбус (фотографка) – се третирани во биопикот (biographical picture). „Од собата до Холивуд“ е богато содржајна и провокативна студија со луцидни анализи и толкувања, обмислена со критичка, културолошка свест преку која се афирмираат две значајни теми – жената уметник и биопикот (биографскиот филм). Со суптилен, но изразит критички однос кон остварувањата на денес доминантната седма уметност, низ критериумски поткрепена културолошка и филмска анализа, Дамчевска создава истражувачки и актуелен труд, во кој што преку две обмислени целости – едната теоретска, генерална, за позицијата на жената уметник во современата култура и втората, конкретно аналитичка, за четири популарни биопици каде што се случува специфичен судир меѓу креативното и популарното, индивидуалното и општо прифатеното – вели Проф. д-р Александар Прокопиев.
Весна Дамчевска е долгогодишен новинар, уредник и автор. Дипломира Интердисциплинарни студии по новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 1998 година работи како новинар во културната редакција на дневниот весник „Македонија денес“ и во неделникот „Денес“, потоа во културната редакција на дневниот весник „Време“. Од 2008 година работи во реоформениот прв македонски дневен весник „Нова Македонија“, а од 2010 година ја уредува културнара рубрика на „Нова Македонија“ и Прилогот за култура, творештво и идеи ЛИК во истиот весник. Објавувала културолошки текстови и во стручни списанија и зборници („Книжевен контекст“ на Институтот за македонска литература, 2009 година, Скопје; „Театарски гласник“ на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, 2012, Скопје; зборниците „Нов танцов театар“, 2011 г. и „Патот на промените“, 2012 г. и „ на културниот центар „Интерарт“…).
Во 2012 година магистрира на тема „Сликата на жената уметник во биографскиот филм“ на Интердисциплинарните културолошки студии на Институтот за македонска литература. Редактор e на два прозни избора: „Бубамара на зрно калинка – 50 години Конкурс за краток расказ на Нова Македонија“ (Скопје, 2010 г.) и „Антиупатства за лична употреба на Александар Прокопиев (Скопје, 2012 г. избор), изданија на „НИК Нова Принт“. „Од собата до Холивуд“ (издание на „Зојдер“) е нејзино прво авторско дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски