| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар подобар од Нексе, за пат на фајнал-фор во СЕХА-лигата

Вардар ПРО е на пат кон завршницата во СЕХА-лигата, по триумфот од 27-25, против хрватската екипа Нексе. Хрватскиот тим беше цврст противник, но на крајот „црвено-црните“ славеа значајна победа.

Левото крило на домаќините Владо Недановски, беше јунакот во победата со два гола во финишот. Најпрво погоди седмерец за 26-25, а потоа во самиот финиш со својот втор гол на натпреварот го реши победникот.

Во текот на целиот меч Нексе беше опасен противник и не дозволи Вардар да се одлепи. На полувремето македонскиот тим имаше предност од 14-12. Предноста во вториот дел се менуваше постојано, а клучни за победа на Вардар беа головите на Недановски. Покрај него солидно одиграа и Немања Прибак со 5 гола, Филип Лазаров со 4 погодоци и Стојанче Стоилов со 3 реализации. Кај гостите најефикасни беа Фрањо Лелиќ и Сандро Обрановиќ со по 5 гола.

Вардар со 33 бода остана на четвртото место и има големи шанси да ја брани титулата од лани на Фајнал-форот во април. таму сигурно че игра и вториот наш тим Металург кој е лидер на табелата. Со нив најголеми шанси за настап во завршницата имаат и Загреб и Брест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top