| четврток, 6 декември 2018 |

Романтичен пролетен старт за Работнички

Екипата на Работнички најави бериќетна пролет, со втората победа во продолжението од домашното првенство, и тоа со идентичен резултат од 2-0, овојпат против Напредок. Крсте Велкоски со два гола ја урна серијата на кичевци од 6 меча без пораз. Напаѓачот на Работнички погоди двапати во финишот, во 75. и 90. минута, за максимален старт на неговата екипа во пролетниот дел. Претходно „романтичарите“ го совладаа и Турново со ист резултат.

Турновци се рехабилитираа со победа над Силекс од 3-1 и ја продолжуваат битката за врвот, особено по киксот на Металург кој загуби од Ренова со 0-1. Брегалница го победи Тетекс со 2-0 на гости и ги закова „штофарите“ на дното на табелата, а на единствениот натпревар на кој немаше победник Дрита и Пелистер ги поделија бодовите, играјќи 1-1. Во вторник од 14 часот се игра дербито на колото меѓу Вардар и Шкендија.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top