| четврток, 6 декември 2018 |

Ранет британски новинар

Британскиот новинар Грахам Филипс бил ранет во грбот од шрапнел во близина на селото Песков, во источниот украински регион Донецк, изјави ТВ-каналот „Русија-24“.

Новинарот е надвор од животна опасност. Не се соопштени никави детали за инцидентот во кој е ранет новинарот, кој инаку требало утре да се врати дома. Во моментов тој се наоѓа во болницата „Калинин“ во Донецк, која е главно упориште на проруските сепаратисти.

Филипс од неодамна работел за рускиот ТВ-канал „Ѕвезда“, а претходно бил соработник на руската телевизија РТ. При крајот на мај беше заробен од украинската војска.

Во текот на летото украинските власти го депортираа Филипс и му забранија пристап на територијата на Украина во наредните три години.

Во меѓувреме, киевските власти соопштија дека во последните 24 часа тројца украински војници загинале во источна Украина, додека 12 биле ранети при инциденти со кој е прекршен прекинот на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top