| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник во бегство откако ранил момче сред бел ден во Тетово

Вчера околу 13:30 часот пред Културниот дом во Тетово настанала вербална расправија поради меѓусебно нетрпение помеѓу А. И. (18) од с.Џепчиште и седумнаесетгодишник од с.Камењане. Во еден момент почнале да се туркаат при што А.И го турнал малолетникот, на што тој со нож му нанел една расекотина во пределот на стомакот и една во пределот на левото колено.

А.И бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

Седумнаесетгодишникот се наоѓа во бегство.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top