Поранешната НБА ѕвезда и шести пик на драфтот во 2006 година, Брендон Рој, е застрелан во ногата во близина на семејната куќа во Лос Анџелес.
Тој важеше за еден од најголемите таленти во светот, но честите повреди го спречија да направи голема кариера. Од професионалното играње кошарка се прости во 2013 година, а сега работи како тренер во основното училиште „Нејтан Хејл“.
Минатиот викенд Брендон Рој бил жртва на престрелка со огнено оружје во близината на куќата на неговата баба. Кога го слушнал пукањето на улица прво што направил е да ги заштити децата кои играле во неговиот двор. Еден од проектилите завршил во неговата нога. Веднаш бил хоспитализиран и сега се наоѓа во Вашингтон на рехабилитација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.