| четврток, 6 декември 2018 |

Ранет е лидерот на украинскиот „Десен сектор“

lideryt-na-ukrainskiq-kraijnodesen-desen-sektor-e-ranen-i-hvyrli-ostavka-337649

Лидерот на десничарската украинска група „Десен сектор“, Дмитри Јарош поднесе оставка, пишува газета ру.
Националистот на својот профил на „Фејсбук“ изјавил дека останува верен на своите идеи, но се повлекува како шеф на коалицијата која до денес беше предводена од него.
Јарош објаснил дека бил ранет.
– Мојата повредата бара долготрајно лекување, изјавил пратеникот од парламентот во Киев.
Јарош во моментов се наоѓа во болница, лоцирана во централниот украински град Днепропетровск.
Фотографијата е превземена од профилот на Јарош на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top