Властите во Венеција ќе воведат високи казни за туристите кои ги „возат“ своите куфери на пластични тркалца низ улиците на градот, за да се спречи „неподносливата бучава“ во текот на годината, но и за да се заштитат историските патеки од оштетување.
Казната за „непослушните“ туристи, кои ќе создаваат тропотење низ улиците движејжи се со своите куфери, ќе изнесува до 500 евра.
Предвидено е ваквата казна да стапи во сила веќе од идната година и таа ќе биде сериозен проблем за поголемиот број од 22 милиони туристи што годишно ја посетуваат Венеција и ги разнесуваат куферите до хотелите минувајќи низ тесните улички на овој италијански град-музеј на северниот Јадран.
Ваквата мерка на локалните власти ќе биде пречекана со големо одобрување од жителите кои одамна тврдат дека се изморени од постојаното клопотарење на меките и тврдите куфери на пластични трклаца, додека туристите минуваат со нив под нивните прозорци.
Весникот „Месаџеро“ открива дека идејата за казнување на туристите кои се шетаат со ваквите „бучни“ куфери е на градскиот комесар Виктор Запарлорто. Тој сугерира наместо сегашните куфери со тврди пластични и „бучни“ тркалца, да се прават нови со гумени тркалца наполнети со воздух.
Според мислењето на Запарлорто, новите куфери не само што ќе го ослободат градот од секојдневната бучава што ја правата туристите со својот багаж, туку и ќе се спасат од оштетување и уништување историските мермерни скали низ градот, камените патеки, како и пешачките мостови преку каналите.
Засега нема сознание како на оваа идеја на градските власти на Венеција реагираат производителите на куфери, што би требало да прават нови модели прифатливи за рашетување низ овој италијански град, но се верува дека предприемачите нема да имаат ништо против оваа новина, затоа што таа им го проширува бизнисот.
Предлогот на комесарот Запарлорто е прифатен со разбирање од управата на градот, но решението за воведувањето ригорозни и високи казни, сепак, се уште не е официјализирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Македонија на Венециското биенале со „Ослободување на просторот“
-
Хаос на маратонот во Венеција: Фаворитите го згрешиле патот, победил тотален аутсајдер (Видео)