Челси ја продолжи серијата натпревари без пораз, но Жозе Мурињо ги предупреди своите фудбалер дека мора да освојат трофеј за да бидат навистина голем клуб.
Челси во саботата славеше против ВБА со 2-0 и се наоѓа на чело на табелата во Премиерлигата со 32 бода, седум повеќе од второпласираниот Саутемптон, додека на третата позиција е Манчестер сити со 24.
– Само Џон Тери и Дидие Дрогба освојувале трофеи со Челси. Овие момци мора да освојат нешто за да бидат голем тим. Не се работи овде само за играње убав фудбал. Кога ќе освојат трофеј, ќе ги споредиме со другите големи тимови – изјави Мурињо.
Португалскиот стратег ја пофали и публиката на „Стемфорд бриџ“ која претходно ја критикуваше поради слабата поддршка.
– Атмосферата во публиката многу се поправи, не може да се спореди со онаа од претходниот меч. Но, мене ме плаќаат да бидам тренер, а не да ја критикувам публиката. Жал ми е поради моите коментари од пред две недели – додаде Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


