| четврток, 6 декември 2018 |

Од жал за ќерка си: Мајката на загинатата Анастасија сакала да се фрли од тераса

Мајката на 16-годишната Анастасија Стајиќ, која заедно со нејзините двајца пријатели загина во автомобилот кој летна во водите на Дунав, сакала да се фрли од тераса кога разбрала дека нејзината ќерка е мртва, пренесуваат српските медиуми.

– Беше страшно и потресно, плачеше и ја довикуваше ќерка си, велејќи дека таа била сѐ на светот за неа. Се залета да скокне, но, за среќа, нејзините роднини кои беа покрај неа реагираа брзо и ја спречија – изјавил извор близок до семејството Стајиќ.

Тој додал дека сѐ уште не се знае кога Анастасија ќе биде погребана и дека целото семесјтво е скршено од болка и нема сила да зборува за трагедијата.

Инаку, Анастасија настрада во саботата околу 3 и пол часот наутро заедно со своите пријатели 18-годишниот Немања Антиќ и 20-годишниот Милош Јанковиќ. Истрагата потврди дека Душан Јовановиќ, кој управувал со возилото за време на несреќата, имал над еден проомил алкохол во крвта и дека воопшто не сопирал пред возилото, марка „БМВ“, да излета од патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top