Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци утре, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Митски плодови од Христо Петрески“. Истовремено, ќе биде промовиран и неговиот најнов роман „Славејот што пееше ноќе и сам“, во издание на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
На ликовната изложба ќе бидат претставени 44 ликовни дела на тема митски плодови, а ова е прва голема самостојна ликовна изложба на писателот Христо Петрески, кој инаку досега има излагано и во Битола, Радовиш, Ресен и во Скопје.
Романот „Славејот што пееше ноќе и сам“ е негов четврти роман за возрасни, како дел од четирите романи посветени на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.