Гледам партнерски односи на Украина со НАТО, но не и членство, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајмајер.
Тој наведе дека е нереално да се зборува и за членство на Украина во Европската унија во блиска иднина бидејќи „економската и политичката модернизација на земјата е проект за неколку генерации“.
– Затоа сека нема смисла да се шпекулира за членството на Украина во ЕУ, посочи Штајмајер и ги повика украинските власти да ги преземат неопходните реформи.
Германскиот министер за надворешни работи предупреди дека не треба да се прекинува дијалогот со Русија и да се избегнува непотребното заострување на односите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


