Француската аукциска куќа „Арткуриал“ соопшти дека е постигнат „нов светски рекорд“ за едно дело во кое фигурира познатиот стрип јунак Корто Малтез. Акварелот на лицитација во Париз е продаден за 391.800 евра
Сликата од 1979 година е од Хуго Прат, автор на истоимената стрип серија, првично беше проценета од 100.000 до 150.000 евра.
Купувачот на вчерашната аукција е неименуван колекционер од Европа.
Околу 400 предмети поврзани со стрипот понудени се на аукција на која е остварена вкупна сума од 3,5 милиони евра,
Најмногу се лицитираше за цртежите на култниот белгиски стрип „Тинтин“ со потпис на авторот Ерже, кои се продадени за 404.500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


